ВИДЕО: Активисти со жив ѕид во одбрана на Водно

Од:

Активистите од граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ од денеска зпочнаа да ја спроведуваат претходно најавената активност, односно со жив ѕид да го бранат Водно од градежната механизација. На социјалните мрежи се појавија и снимки од кои се гледа дека тие се цврсто решени докрај да ја спроведат својата намера.

Posted by Жаклина Мијалковиќ Анастасова on Среда, 29 август 2018

Живиот ѕид има за цел да ги спречи градежните активности на трасата на која треба да минува гасоводот, проект за кој активистите тврдат дека е полн со нерегуларности и дека ќе придонесе за уништување на шумата и еко-системот на Водно.

Минатата недела тие рекоа дека лага е информацијата од Владата оти трасата е скратена и тврдат дека за изградба на гасоводот ќе се исече шума со површина како булеварот „Партизански одреди“ од Центар до Влае.

„Во држава каде прекршоци се нормална работа и се спроведуваат вакви проекти полни со нерегуларности, останува на нас да браниме со живи тела. Стоп за непромислени и лоши проекти! Се гледаме пред багери!“, порачаа активистите на социјалните мрежи деновиве и повикаа за оваа активност да се пријават и доброволци.

Би можело да ве интересира

Пронајдени се изгубените туристки во реонот на Водно-Матка

Горан Наумовски

ЦУК: Исчезнатите државјани на Полска кои се изгубија на Водно се пронајдени и се на безбедно

Горан Наумовски

На Водно се изгуби полски државјанин, започната е голема потрага по него

Горан Наумовски

ВИДЕО: Снег на Водно, во неколку града и во скијачките центри

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Пожари на две места на Водно и искршено стакло на продавница

Томески: Изгаснат е пожарот во планинарскиот дом на Водно