Романци подготвуваат протест за време на свадбата на синот на Ливиу Драгнеа

Од:

Стотици политичари се поканети денеска на свадбата на Валентин Драгнеа, син на лидерот на романските социјалдемократи Ливиу Драгнеа, а илјадници луѓе на Фејсбук изразија подготвеност да учествуваат во протест пред црквата, во која ќе се одржи венчавката.

Во поканите до гостите се прецизира дека венчавката ќе се одржи во 17:30 часот во црквата Св. Елевтериј во Букурешт, а свадбена церемонија ќе започне во 19: 30 во палатата Снагово, кој се наоѓа на околу 40 километри североисточно од престолнината.

Меѓу поканетите се сите членови на Владата, претседателот на Сенатот Калин Попеску Таричану, бројни градоначалници и лидери на локалните организации на Социјалдемократската партија.

Околу 5.000 лица на Фејсбук изразија подготвеност да организираат протест пред црквата, каде што ќе се одржи религиозната церемонија, и да скандираат пароли против лидерите на владејачката коалиција на СДП и АЛДЕ, Ливиу Драгнеа и Калин Попеску Таричану.

Онлајн заедницата „Се бориме за Романија”, објави порака на Фејсбук во која напиша: „Да одиме на свадбата на Драгнеа Џуниор и да му посакаме ’За многу години! Ефикасно!’ Како на него, така и на ‘татенцето’ Ливиу Драгнеа“.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски