Богат Кинез продава свеж воздух во конзерви

Од:

Додека Кина се бори со еден од најлошите периоди на загадување на воздухот, некои нејзини жители дојдоа до идеја да го искористат овој проблем.

Чен Гуангбиао, за кој се верува дека е еден од најбогатите луѓе во Кина, почна да продава свеж воздух во конзерви за 0,80 долари.

Конзервираниот воздух наводно може да се купи во различни вкусови кои се наречени со необични имиња, како што се „недопрен Тибет“ или „ постиндустриски Тајван“. Купувачот, воздухот од конзерви може да го испие или да го инхалира.

Чен вели дека сакал да покаже дека воздухот е толку многу загаден што идејата за конзервираниот свеж воздух и не е неостварлива.

Чен за својот изум зборуваше уште минатата година, фалејќи се дека е корисен за здравјето и дека го продолжува животот. Според пишувањето на „Хафингтон Пост“, кинескиот милионер конзервираниот воздух почнал да го продава уште во септември 2012 година, а во последно време работата му оди многу добро, затоа што Кина бележи рекордна загаденост.

Загадувањето на воздухот е 40 пати поголемо од нормалното, а жителите на Пекинг се предупредени да не излегуваат од затворените простории.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он

Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски