На вчерашните антивладини протести во Романија дојде до судири помеѓу полицијата и демонстрантите.
На протестите учествуваа над 50 илјади луѓе, а дел од нив фрлаа со шишиња и тврди предмети, на што полицијата возврати со солзавец и водени топови.
Околу 100 демонстранти се пожалиле на повреди и побарале лекарска помош, а повредени биле и 10 полицајци.
Дел од демонстрантите се обидоа да влезат во зградата на владата во Букурешт, но беа спречени од полицискиот кордон.
Демонстрантите бараат оставка на владата, замерувајќи на слабеењето на судството под водство на владејачката Социјалдемократска паритја, како и за намалување на платите и зголемувањето на корупцијата во земјата.
Во јули, претседателот на Романија го одобри укинувањето на канцеларијата на обвинителката Лаура Ковеши, која што водеше истаги против владини функционери.