Бит фест: Фолклорната група „Селенце“ и оркестарот „Фокош“ на плоштадот Магнолија

Од:

Многу игра, песна и забава го разиграа Плоштадот Магнолија, во рамките на вчерашниот настап на Фолклорната група „Селенце“ и Народниот оркестар „Фокош“ од Војводина.

Фолклорната група „Селенце“ се вбројува во елитното друштво на фолклорните групи во Војводина. Редовно учествува на најзначајните смотри и натпревари во Војводина, каде редовно се вбројуваат во гала претстави.

Оркестарот Фокош потекнува од Бечеј, Војводина. Формиран е во 2009 година, како оркестар Чикош, а во 2010 година го добива сегашното име. Исклучително ја свири унгарската народна музика од Војводина.

Настанот се реализираше на предлог на Амбасадата на Унгарија и унгарскиот конзул во Битола, а истиот се вбројува во настаните кои годинава за првпат се реализираат како резултат на соработката со Амбасадите и конзуларните претставништва, која Општина Битола ја започна ова лето, во рамките на фестивалот „Бит Фест“.

Би можело да ве интересира

Со концерт на Каролина Гочева вечерва почнува Битолското културно лето

Ана Ололовска

Јавен повик на Општина Битола за културно лето „БитФест 2019“

Ана Ололовска

Викендов завршува битолското културно лето „БитФест“

Ана Ололовска

Незаборавно добро издание на „Незаборав“

Ана Ололовска

Концерт на рускиот вокален ансамбал „Чајка“

Наум Локоски

На „БитФест“ гостува аргентинскиот композитор и пијанист Маурицио Анунциата

Наум Локоски