Роси: Патеката во Мексико не е соодветна за Мото Џи-Пи шампионатот

Од:

Легендарниот италијански мотоциклист Валентино Роси по најавите дека патеката за Фолмула 1 може да биде вметната во календарот за Мото Џи-Пи шампионатот, реагираше дека таа не соодветна за трки со мотори и ќе биде премногу опасна за возачите.

За следната сезона во календарот за Мото Џи-Пи шампионатот се планираат повеќе трки, а патеката во Мексико е една од опциите.

– Очаен сум. Календарот ќе се зголеми на 20 трки, што значи дека ќе немаме живот. Освен тоа станува збор за лоша патека. Не ми се допаѓа, премногу е опасна, истакна Роси.

Според италијанскиот возач патеката тешко може да се адаптира за трки со мотори.

– Патеката може да се прилагоди за Мото Џи-Пи трките, но потребни се модификации на одредени делови, а тоа е тешко изводливо. Но, во моментов тоа не е добра идеја, наведе Роси.

Патеката во Мексико, која се користи за трки во Формула 1, се смета за помалку безбедна за мотори поради конфигурацијата и близината на ѕидовите.

Би можело да ве интересира

Мото ГП: Бањаја ја освои ГН на Сан Марино

Ана Ололовска

„Мравката“ повторно ита по патеките – Маркез се врати по осум месеци рехабилитација

Жарко Настоски

Валентино Роси ќе ја вози 20. сезона во Мото ГП

Ана Ололовска

Зарко легнува „под нож“ по бруталната несреќа во Австрија

Ана Ололовска

Мото ГП трки оваа сезона ќе се возат само во Европа

Жарко Настоски

Маркез: Целта е да се опоравам што е можно поскоро, за титулата – после тоа

Ана Ололовска