Барбара Фредриксон во својата книга Love 2.0 наведува дека трајна љубов не постои, односно, дека долгорочно не постојат биохемиски реакции во организмот кои обично се поврзуваат со тие чувства.
Таа тврди дека она што го сметаме за љубов кон некоја личност е само емоционална реакција – „микро момент на позитивен одек“.
Значи, ние партнерот го сакаме „на моменти“, но истото тоа можеме да го почувствуваме и кон пријателите, соработниците или кон потполни странци.
Замислете ја љубовта само како романса или како посветеност која ја делите само со една личност. Тоа сигурно ја ограничува среќата која ја добивате од љубовта, вели таа за The Atlantic.