Русија се подготвува да испрати маринци во Сирија во случај да мора да го заштити својот персонал и да ја острани опремата во поморските објекти од пристаништето Тартус, обајви „Интерфакс“ повикувајќи се на воени извори.
Два големи брода се подготвуваат да испловат, доколку се појави потреба, на нив ќе бидат и руските војници, способни да ги обезбедат руските државјани и да ги евакуираат од Тартус.
Руското министерство за надворешни работи одби да ги коментира овие информации.