Пекинг издаде предупредување поради густиот смог

Од:

 Властите во Пекинг побараа денеска од жителите да останат во затворени простории во рамки на итните мерки, кои се преземени поради високото ниво на загадување и смогот, кој ги прекри кинескиот главен град и поголем дел од северниот и источниот дел на земјата.

Градските власти порачаа децата, постарите лица и лицата со проблеми со дишните органи да не излегуваат надвор од своите домови. Властите соопштија дека затвориле 103 фабрики и наредиле 30 отсто од државните автомобили денеска да не излегуваат на улиците.

И додека густиот токсичен воздух ги задушува жителите на Пекинг веќе трет ден по ред, на улиците стана вообичаено да се видат минувачи и велосипедисти со маски на лицето, а на телевизиите редовните предупредувања до населението и снимки од градот прекриен со смог.

Видливоста во централните делови на Пекинг е намалена на 300 метри, според Централната кинеска телевизија, поради што се откажани 29 летови, а седум се одложени.

Телевизијата објави и снимки од источната провинција Џиангсу, околу илјада километри јужно од Пекинг, прекриена со дебели слоеви од смог.

Американската Амбасада, која го мери нивото на ситни честички во воздухот, т.н. ПМ2,5 измерила денеска загадување од 336 микрограми по кубен метар, што е помалку од вчерашните 526 микрограми, но и натаму е опасно за здравјето. Индексот на квалитетот на воздухот над 150 микрограми се смета за опасен за здравјето.

Центарот за мерење на квалитетот на воздухот на градот излезе со бројка од 292 микрограми и нагласи дека воздухот во Пекинг е  „тешко загаден“.

Пекинг беше погоден од исклучително високо повеќе дневно загадување на воздухот и пред две недели кога според мерењата на американската Амбасада загаденоста изнесувала 886 микрограми на кубен метар.

Главна причина за проблемот со загадувањето на воздухот во Кина е брзата урбанизација, стопанскиот бум, драстичното зголемување на бројот на автомобилите и масовното користење на јагленот за греење во зимски услови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он

Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски