Во Истанбул секој ден исчезнуваат по 26 деца, а 50 отсто од нив се откриваат во рок од 24 часа откако нивните родители ќе ја информираат полицијата, пишува весникот „Туркие“.
Околу 60 проценти од исчезнатите деца се девојчиња. Во некои од случаите станува збор за бегство од дома поради семејно насилство, а во други случаи за киднапирање.
Минатата година во Истанбул биле регистрирани вкупно 9.670 случаи на исчезнати деца, а во 2011 година тој број изнесувал 7.502.
Весникот тврди дека полицијата открива 98 отсто од исчезнатите деца во текот на една година.