Еколошки акции во општина Демир Хисар

Од:

Општина Демир Хисар во соработка со локалното комунално претпријатие „Комуналец“ ги интензивира еколошките акции, врши уредување на руралните средини и посебно излетничките места на подрачјето на локалната самоуправа.

Од секторот за односи со јавност информираат дека зголемените активности се планирани и се реализираат во пресрет на големиот празник Илинден, кога во општината доаѓаат гости во посета на црквите и манастирите на општината, славното Смилево, но и други локации во Демир Хисар како избран Град на културата во 2018 година.

– Интервенираме и на барање на локалното население. По барање на месната заедница од Ново Село, спроведовме активности за расчистување од ниска и висока вегетација на просторот околу црквата Св. Архангел, во селото Ново Село. Екипа на ЈКП „Комуналец“ целосно го исчисти просторот и депонијата, а ќе продолжи со чистење и на други локации низ населените места во општината, истакна Даниел Станојоски, портпарол на општина Демир Хисар.

Би можело да ве интересира

Над Демир Хисар летал голем балон со инсталирана направа од која дувал оган

A1on

Народниот правобранител ќе поведе постапка за Психијатриската болница во Демир Хисар

Правници и архитекти раководат со Психијатриски болници: Кој ќе сноси одговорност за третирањето пациенти

A1on

Мајката на аутистичното момче за „А1он“: „Едвај стои на нозе, предозиран е од лекови“

A1on

Градоначалникот на Демир Хисар позитивен на Ковид-19

Во Ресен и Демир Хисар гласањето се одвива без пречки

Жарко Настоски