Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по вториот дел од денешната лидерска средба ја повика опозицијата да ги стави државните пред партиските интереси.
Тој изјави дека преговорите во вториот дел биле разочарувачки и имало разлики во тоа како да се постави референдумското прашање.
Ахмети истакна дека членството во ЕУ и НАТО се државните интереси и приоритети и оти тие ќе работат на остварување на истите.
Галена Николовска – Ризвановиќ