Курдските бунтовници досега не дале официјална изјава за прекин на огнот, изјави портпаролот на Курдската работничка партија (ПКК) Рој Велат во одговор на информација во медиумите, дека групата ќе ги прекине непријателските дејствија во Турција како дел од започнатиот мировен процес.
Турскиот весник „Хуриет“ соопшти денеска дека сто припадници на ПКК ќе го положат оружјето и ќе се повлечат од територијата на Турција како дел од првичните напори за ставање крај на 28-годишниот вооружен конфликт.