Еден рудар загина денеска при одрон во рудник во западна Романија, соопшти раководителот на романскиот Оперативен центар за вонредни состојби, Раед Арафат.
Тој информира дека при одронот во рудникот биле затрупани двајца рудари, кои набрзо биле извлечени од рударското окно. Едниот од нив не давал знаци на живот, додека вториот е префрлен во болница во Хунедоара и е вон животна опасност.
Причините за одронот, што се случил на околу три километри од влезот во рудникот, засега не се познати.