Државниот секретар на САД, Мајл Помпео денеска пристигна во ненајавена посета на главниот град на Авганистан, Кабул.
Помпео ќе се сретне со авганистанскиот претседател Ашраф Гани и други официјални претставници.
Тоа е прва посета на Помпео на Авганистан откако ја презеде функцијата.
Во Авганистан се распоредени околу 14.000 американски војници кои учествуваат во мисијата на НАТО.