Разбојништво во обложувалница во Тетово – одземени над 14 илјади денари

Од:

Нешто на 14 илјади денари биле одземени при разбојништвото што засега непознат, маскиран и вооружен со пиштол сторител го извршил синоќа во спортска обложувалница на улицата „Илинденска“ во Тетово информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци разбојништвото се случило околу 21 часот при што во објектот, сопственост на М.Е. (38) од Тетово, била само вработената. Непознатиот заканувајќи и се со пиштолот од фиока на касата одзел 12 илјади и 420 денари како и уште 2.000 денари што се наоѓале во чантата од вработената. Со одземените пари и клучот од касата непознатиот набрзина излегол од обложувалницата и со велосипед го напуштил местото.

Полицијата презема мерки и активности за расветлување на случајот и откривање на сторителот.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби