Сарачини во Катар ги нуди ЕЛЕМ и Попова Шапка

Од:

Компанијата „Катар Холдинг“, која има инвестициски проекти во над 30 земји во светот, се интересира за зимскиот центар Попова Шапка, но и за изградба на голем спа комплекс преку добивање концесија за термоминерални води, соопшти министерството за економија.

Генералниот и главен извршен директор на компанијата, Ахмад Мохамед Ал-Сајед, на средбата со министерот за економија, Ваљон Сарачини, пројави интерес и за влез на „Катар Холдинг“ во електроенергетскиот сектор во Македонија, преку докапитализацијата на АД ЕЛЕМ, изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште и реализиација на проектот Вардарска долина.

Според соопштението, Сарачини информирал дека по изборот на консултант ќе биде направена анализа и ќе биде предложена најдобрата структура за докапитализација на АД ЕЛЕМ, но ја објаснил и постапка за концесии во делот на минералните богатства.

Со цел понатамошно унапредување на договорната рамка меѓу двете држави, министерот Сараќини потпиша меморандум за разбирање за туристичка соработка меѓу двете земји, а беше потпишан и меморандум за соработка меѓу стопанските комори на Македонија и Катар.

Досега Македонија и Катар досега имаат потпишано договори за избегнување двојно оданочување, за соработка во сферата на образованието, во земјоделството и за заемна заштита на инвестициите.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница