Мосад го пронајде рачниот часовник на Ели Коен

Од:

Израел соопшти дека разузнавачката агенција Мосад го пронашла рачниот часовник на Ели Коен, израелски агент кој беше прогласен за национален херој по неговото погубување во Сирија пред 50 години.

Канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху соопшти дека часовникот е вратен во специјална операција на Мосад што неодамна била спроведена.

Часовникот се наоѓал во „непријателска држава“, а агентите кои го донеле ја потврдиле неговата автентичност.

Првиот човек на Мосад, Јоси Коен, изјави дека часовникот бил дел од „фабрикуваниот арапски идентитет“, а Ели Коен го носел се до својата смрт.

Рачниот часовник во моментот се наоѓа во седиштето на Мосад, а ќе му биде вратен на семејството наесен.

Коен се инфилтрирал во сириското раководство во раните шеесетти години, но бил уапсен и погубен во 1965 година.

Би можело да ве интересира

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан

Израел и Хезболах продолжуваат да се борат и покрај преговорите