Седум лица загинаа, а тројца се повредени синоќа при лизгање на земјиште, кое предизвика уривање на потпорен столб на спортски комплекс во Шарнак во југоисточниот дел на Турција.
Лизгањето на земјиштето било последица на поројните врнежи од дожд и снег во последните денови.
Инцидентот се случил за време на фудбалски натпревар во спортскиот комплекс. Некои од фудбалерите и гледачите на натпреварот останале затрупани под урнатините. Спасувачките екипи ја продолжуваат потрагата по преживеани во несреќата.
Поради лизгање на земјиштето властите евакуирале неколку куќи во областа.