Охрид, 28 јануари 2013 (МИА) – Манифестацијата „Прличеви беседи“ што традиционално се одржува во Охрид по повод годишнината од смртта на големиот писател и преродбеник оваа година во знакот на творештвото на македонскиот писател и поет Веле Смилевски.
Неговата поема „Век на самување“ ќе ја понесе Прличевата награда за 2012 година, а на авторот ќе му биде доделена и уметничка репродукција на Ловоровиот венец, на посебна церемонија што во чест на годинешниот лауреат ќе се одржи во Центарот за култура во Охрид.
Чествувањата на ликот и делото на Прличев ќе се одржуваат на 4, 5 и шести февруари,во чии рамки се предвидени повеќе содржини, како читање поезија на лауреатот, промоции на неколку авторски дела, како и традиционалната манифестација „Охридска визита“.
Манифестацијата „Приличеви беседи“ беше востановена пред речиси шест децении како сеќавање на ликот и делото на најголемиот македонски преродбеник и поет од 19 век. Прличев пред век и половина беше овенчан со Ловоров венец во Атина, за неговата поема „Сердарот“. „Прличевите беседи“ се одржуваат во организација на Центарот за култура и библиотеката во Охрид што го носат името на Прличев, во соработка со издавачката куќа „Детска радост“ и општина Охрид, со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.