Уставните судии в понеделник ќе расправаат дали е уставна аменстијата на затворениците која ја даде власта

Од:

В понеделник уставните судии ќе ја разгледуваат иницијативата на адвокатот Сашко Дуковски за испитување на уставноста на Законот за амнестија, кој во февруари годинава го донесе Собранието. Оспорен е целиот член 3 од Законот за амнестија, со кој неколку илјади осудени лица излегоа од затворите, а на еден дел им беше намалена казната.

Според иницијативата на Дуковски, Законот е неуставен бидејќи во него е наведено за кои кривични дела се однесува амнестијата, а за кои не, со што, е прекршено уставното начело за еднаквост на граѓаните пред уставот и законите.

Инцијативата се однесува на членот 9 од Уставот каде што е наведено дека сите граѓани се еднакви пред Уставот и законот, а членот 8 од Уставот пропишува дека темелни вредности на уставниот поредок се владеењето на правото и основните човекови права. Доколку уставните судии ја прифатат инцијативата на Дуковски, тогаш за неа треба и да гласаат.

Амнестијата не ги опфати осудените за убиство, за кривични дела против изборите и гласањето, за силување, педофилија, посредување во вршење проституција, потоа за кривични дела против државата, за злосторничко здружување, како и за кривичните дела против човечноста и меѓународното право. Според Законот, амнестијата не важи и за лицата кои ги сториле делата по 20 септември 2017 година.

Од Министреството за правда тврдеа дека со амнестијата ќе се овозможи ресоцијализација и социјална реадаптација на осудените лица.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Уставниот суд не поведе постапка за оценување уставност на Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации

Ана Ололовска

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата за прислушкуваните материјали

Ана Ололовска

Одлуки од денешната седница на Уставниот суд

Ана Ололовска

Уставниот суд ќе одлучува по предметот за ДУП-от со бензинската на „Пуцко-петрол“ во Карпош

Ана Ололовска

Уставниот суд укина два члена од Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица

Ана Ололовска

Уставен го оцени како неуставно ограничувањето на изборот на претседател на Судскиот совет само од членовите избрани од Собранието

Ана Ололовска