По успешниот исход од изборите во Грција, и победата на Нова Демократија, чија основна изборна заложба беше останување на европскиот курс и почитување и исполнување на договорот за штедење, денеска се очекува раст на акциите на светските берзи и раст на еврото.
На берзите во Азија, кои денеска први отворија, владее позитивна клима. Берзанските индекси во Шангај, Сингапур, Австралија, Хонг Конг и Јужна Кореја се зголемија меѓу 0,5 и два отсто.
Еврото исто така имаше добар понеделнички старт. Утрово, за разлика од петокот кога беше 1,2640 долари, се искачи на 1,2748 долари, највисок курс во месец дена.
Единствено падна цената на златото, бидејќи инвеститорите пред изборите во Грција плашејќи се од ризични инвестиции и своите пари ги вложуваа во она што е сигурно.