Непознат сторител провалил во една од канцелариите на Социјалистичката партија на Македонија на булеварот Партизански одреди во Општина Карпош, во обид да изврши тешка кражба, пренесува МВР.
Провалникот влегол во бараката преку незаклучената влезна врата, дошол до вратата од канцеларијата на СПМ, чиј лидер е Љубисав Иванов Ѕинго, и со употреба на физичка сила и погоден предмет насилно ја откорнал вратата во пределот на бравата. Влегол внатре, претурал во просторијата и без да земе нешто заминал во непознат правец, причинувајќи материјална штета од околу 3.000 денари.
Настанот во полиција вчера го пријавил 55-годишниот Л.Д, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.