А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Кривична пријава за 33-годишник за осум тешки кражби во Скопје

by А1он29/06/2018 - 10:49244
Share0

Секторот за внатрешни работи Скопје, до Основното јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против В.М. (33) од Волково, скопско, поради постоење основи на сомнение дека извршил осум кривични дела „тешка кражба“, при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 943.000 денари.

Добивај вести на вибер

Како што соопшти МВР, според документираните сознанија од истрагата В.М. сите осум кривични дела ги извршил на ист начин. Со употреба на подесен клуч (калауз) за влезни блиндор брави ги отворал влезните врати на становите, влегувал внатре и одземал златен накит, пари, лаптоп компјутери, мобилни телефони, а во еден случај и клуч од автомобил.

Тешките кражби В.М. ги извршил во период од девет месеци, поточно од 03.07.2017 до 24.03.годинава, и тоа во станови во поширокото централно подрачје на Скопје (во два стана на бул. „Партизански одреди“ и во станови на улиците „11 Октомври“, „Атинска“, „Воин Драшкоци“, „Желево“, „Франклин Рузвелт“ и „ Димитрије Чуповски “).

По низата превземени мерки и активности од страна на СВР Скопје, В.М. е идентификуван како сторител на кривичните дела и завчера (27 јуни) е лишен од слобода и приведен во Полициската станица Карпош.

krazba

Би можело да ве интересира

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Горан Наумовски18/12/2025 - 20:41

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски01/12/2025 - 20:2401/12/2025 - 21:12

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски29/11/2025 - 19:5129/11/2025 - 20:45

Лувр е повторно отворен

Горан Наумовски22/10/2025 - 18:38

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Предраг Петровиќ25/07/2025 - 16:58

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Горан Наумовски25/06/2025 - 15:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен