Неколку пчелари од здружението „Неготински мед“ ги поставија првите три пчелни семејства (нуклеуси) од високо селектирани матици во Пчелниот парк, иден Апицентар во селото Вешје.
Претходно беше уреден оградениот простор и се фарбаа пчелните сандаци.
– Согласно програмските активности за 2018 година, се оствари најважната активност за почнување со работа на Пчелниот парк, иден Апицентар, каде ќе се врши едукација преку примена на најмодерните апитехники, предавања и работилници согласно календарот на пчеларското работење, велат од Општината.
Ова е продолжување на активностите по завршување на ИПА проектот за поддршка и развој на економијата на пчелни производи во прекуграничната област „BEECONOMY” на ЕУ и Општина Неготино.
Плановите на „Неготински мед“ и Општината се пчелниот парк да прерасне во Регионален тренинг Апицентар.