Гевгеличани преку интернет нудат сместување за туристите кои патуваат кон Грција

Од:

Над дваесет физички лица во Гевгелија нудат преку интернет туристички услуги од помал обем. Зачетоците на овој бизнис, односно нудење ноќевање за туристите кои на пропатување кон Грција, по долгиот пат остануваат да преноќат во градот, почнува од 2015 година.

Во 2015 година биле регистрирани само две физички лица кои легално почнале да издаваат апартмани за ноќевање во сместувачки објекти до 10 соби, односно 20 кревети, а нивниот број денеска во Гевгелија достигна до 22 физички лица кои сериозно го развиваат бизнисот нудејќи им ги на гостите сите неопходни услови и комфор што ќе го добијат во хотелите.

Од одделението за туризам и локален економски развој во општина Гевгелија велат дека овие сместувачки објекти се регистрираат во општината според Законот за туристичка дејност на Република Македонија и дека сите ги исполнуваат пропишаните минимално-технички услови за работа.

Категоризација на објектите во две категории, стандардна и конфорна врши посебна општинска комисија од која напоменуваат дека лицата кои се занимаваат со оваа дејност се должни при наплата на извшената услуга за ноќевање да наплатат и туристичка такса за ноќевање по лице која изнесува 40 денари дневно. Поголемиот дел, поточно 80 отсто од таксата се уплатува на сметка на општина Гевгелија, а останатите 20 отсто одат во буџетот на РМ и се наменети за развој на туризмот.

Би можело да ве интересира

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија

Србин со нож ранил маж во кафеана во угостителскиот објект на бензинската пумпа во Јосифово

Горан Наумовски