Оваа година главни ѕвезди на големата сцена на Плоштадот Гоце Делчев – Битола во рамките на фестивалот “Битола Отворен град 2018” се култниот белградски алтернативен рок бенд “С.А.Р.С”.
На големиот музички концерт ќе настапат и бендовите „THE PRODIGY live tribute band“ од Белград и “FUNK SHUI” од Скопје.
Групите ќе настапат во четврток на 28 јуни, со почеток во 21 часот на Плоштад Гоце Делчев во Битола, во рамките на фестивалот во организација на Младинскиот културен центар-Битола.