Работилница за проектот „Заштита и промоција на ендемското пештерско ракче и глобално загрозениот лилјак – мал потковичар во пештерите во споменикот на природа „Слатински извор“ ќе се одржи денеска во општина Македонски Брод.
Работилницата е организирана од Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“-Скопје и Еколошкото друштво „Треска“-Македонски Брод, а финансиски е поддржана од ГЕФ ПМГ Република Македонија.