Oва е за нашите деца. Да се владее значи да се направи избор. Ние го направивме заедно изборот – Македонија цела суверена евроатланстка Македонија“, рече пратеникот од ДУИ, Артан Груби пред Комисијата за европски прашања, каде што расправата за предлог-законот за ратификација на договорот за решавање на спорот за името се одвива без присуство на опозицијата.
„Референдумот за независност дали беше лесен? Дали беше лесно 2001 да се потпише Рамковен договор и да се смени Уставот? Размислете дали тоа било правилно, ако сега јас како Албанец се борам за евроатлантска Македонија. Не треба да се двоумиме дека овој договор е прав чекор и права одлука. Жалам што опозицијата не е тука. Се надевам утре ќе се вратат и ќе учествуваат на седница. Не е фер да се држи во заложништво иднината на нашите деца. Историјата ќе цени дали била правилна одлука, а не денешницата“, додаде Груби.
Галена Николовска – Ризвановиќ