Нова демократија освои 130 мандати на изборите, а левичарски ПАСОК 34, што им овозможува да формираат парламентарно мнозинство, ова го покажуваат првичните неофицијални резултати. Крајно левичарската Сириза освои 70 места.
„Во Грција можеби е најдобро да се формира влада на народно единство“, изјави лидерот на Пасок, Евангелос Венизелос.
Според изборниот систем партијата која има најмногу гласови и се загарантирани 50 мандати плус бројот што го освоиле на изборите.
Конзервативната Нова Демократија заговара строги мерки на штедење и исполнување на условите од Европската Унија за да се добие неопходната помош, додека Сириза се противи на таквото условување.