Дезинсекција на подрачјето на општина Демир Хисар

Од:

Екипи на ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола денес и утре на подрачјето на општина Демир Хисар ќе вршат превентивна систематска дезинсекција.

Од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола информираат дека акцијата се врши согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и препораките на Министерството за здравство, а врз основа на одлуката на Советот на општина Демир Хисар за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на тамошната локална самоуправа.

Запрашувањето со цел уништување на комарците ќе се врши во периодот од 19 до 2 часот по полноќ, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило. Со оглед на тоа дека активностите ќе се изведуваат во вечерните часови, на возилото со апаратурата за дезинсекција ќе му предходи друго возило означено со ротационо светло.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општината, подрачјата по течението на реките и водотоците, застојни води и подрачјата околу каналниот систем на територијата на општина Демир Хисар, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.

Би можело да ве интересира

Над Демир Хисар летал голем балон со инсталирана направа од која дувал оган

A1on

Народниот правобранител ќе поведе постапка за Психијатриската болница во Демир Хисар

Правници и архитекти раководат со Психијатриски болници: Кој ќе сноси одговорност за третирањето пациенти

A1on

Мајката на аутистичното момче за „А1он“: „Едвај стои на нозе, предозиран е од лекови“

A1on

Градоначалникот на Демир Хисар позитивен на Ковид-19

Во Ресен и Демир Хисар гласањето се одвива без пречки

Жарко Настоски