Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган синоќа го критикуваше односот на Европската унија кон Турција, истакнувајќи дека ЕУ не е отворена и целосно јасна, додавајќи дека Анкара би можела да побара алтернатива за Унијата.
Наши претставници постојано патуваат во Европа и редовно не известуваат за напредокот на ЕУ. Меѓутоа, ЕУ не е отворена и целосна јасна за односите кон Турција. Таа сака да не заборави, но некако се колеба и не може никако да не заборави. Јасно нека ни кажат што сакаат со нас, изјави Ердоган.
Тој додаде дека Турција ќе побара алтернатива за ЕУ бидејќи се „случиле многу негативни работи во осносите меѓу ЕУ и Турција“.
Поради сите негативности со ЕУ мораме да бараме алтернатива за нашите 75 милиони граѓани. Неодамна и на претседателот на Русија Владимир Путин му кажав дека сме подготвени да влеземе во Шангајската организација за соработка. Реков дека сакаме да станеме членка на Шангајската организација за соработка, па да и кажеме збогум на ЕУ. Да се разделиме, посочи Ердоган.
Шангајската организација за соработка е меѓудржавна организација за безбедност, која во 2001 година во Шангај ја формираа лидерите на Русија, на Кина, на Казахстан, на Киргистан, на Таџакистан и на Узбекистан.