Најдобрите земји за бизнис во 2013 година се Хонг Конг, САД и Јапонија, се наведува во најновата анализа на Блумберг.
Во првите десет земји на листата на Блумберг се Холандија, потоа Германија, Австралија, Канада, Сингапур, Данска и Велика Британија.
Во првоте 50 спаѓаат и земјите од поранешна СРФРЈ – Словенија на 35 место, како и Хрватска на 49 место. Тие остварија подобар резултат во однос на минатата година, кога Словенија беше на 55, а Хрватска на 62 место.
Со анализата опфатени се 161 држава, а оценувани се врз основа на шест критериуми, меѓу кои отпочнување на бизнис, цената на работната сила, трошоците на транспортот на стоки и друго.
Вреднувани се и степенот на економски интеграции, нивото на инфлација, како и базата на потрошувачи.