Кацин: Само Владата во Загреб може да го спречи влезот на Хрватска во ЕУ

Од:

Потпретседателот на делегацијата на Европскиот парламент за Југоисточна Европа Јелко Кацин оцени дека само хрватската Влада може да го спречи влегувањето на Хрватска во Европската унија ова лето и оти со првостепената одлука на судот во случајот со „Љубљанска банка“ Загреб е на „вистинскиот пат мошне убедливо и брзо да успее во тоа“.

Хрватска за жал повеќе не ги исполнува условите и обврските, кои произлегуваат од процесот за пристапување и поради тоа тешко ќе ги убеди членовите на парламентите да ја ратификуваат спогодбата за пристапување, нагласи Кацин, оценувајќи дека со тоа предизвикала колатерална штета во процесот за проширување на ЕУ, особено кога е во прашање регионот на Западен Балкан.

Тој како „неразумна“ ја оцени реакцијата на хрватската Влада на денешната одлука на хрватскиот суд против „Љубљанска банка“ (ЛБ) и „Нова љубљанска банка“ (НЛБ) во врска со старите девизни заштеди, јави Танјуг.

Не очекував таква неразумна реакција на Владата на Хрватска, каква што направи денеска со одлуката, која ја усвои хрватскиот суд. Иако пресудата се уште не е правосилна, таа претставува автогол за Владата на Хрватска. Може да се каже еврогол, рече Кацин.

Првостепениот суд во Хрватска донесе одлука за првата пресуда по една од повеќе од 30 тужби против ЛБ и НЛБ, кои се должни да го подмират долгот со камати во однос на старата девизна заштеда. Хрватските медиуми јавија дека износот во спорот е мал, но оти може да се отвори нова страница во хрватската стопанска пракса.

Според Кацин Хрватска со одлуката на Општинскиот градски суд во Загреб за прашањето за тужбата на Стопанска банка Загреб против ЛБ и НЛБ отстапила од заклучоците на Европскиот совет од декември 2012 година, а одлуката се однесува на предмет, кој е под јурисдикција на Спогодбата за сукцесија.

Кацин смета дека сега ќе биде мошне тешко, дури и невозможно да се водат преговори. – За што воопшто би можело да се преговара?, праша Кацин.

Тој истакна дека хрватската Влада со оваа одлука „го ставила под знак прашалник принципот на независност и самостојност на судовите и непосредно пред влезот во ЕУ повторно ги политизира и потчинува“.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он