ФСП: Велепредавникот Заев во целост да го објави предавничкиот договор

Од:

„Форумот на слободоумни патриоти најостро го осудува однесувањето на велепредавникот Зоран Заев и неговите слуги. Основна определба на ФСП е интеграцијата на Република Македонија во ЕУ и НАТО, но во никој случај нема да дозволиме виткање на кичма и полторнско однесување. Напротив, во време кога ЕУ заговара промена на моделот, т.е. бришење на правото на вето, за нас неразбирливо е ваквото предавство и полтронство на Зоран Заев.

Сакаме да му укажеме на недоветниот Заев дека треба да престани да ја сквернави Македонската историја и дејците кои животот го посветиле на Македонија. Очигледно е дека велепредавникот Заев треба да седне да прочита малку Македонска историја, бидејќи ако прочитал ќе знае дека сите Македонски дејци кои вчера ги спомнуваше се бореле за самостојна, суверена и независна Македонска држава!

Го повикуваме велепредавникот Заев во целост да го објави предавничкиот договор. Она што беше кажано на вчерашната конференција за новинари за нас нема никаква важност бидејќи Заев во светски рамки е единствен пример на политикант кој своите ставови ги менува почесто од чорапите кои ги носи!

Форумот на слободоумни патриоти во никој случај нема да поддржи промена на Уставот и на најавениот референдум ќе го организира народот се со намера да се спротистави на ова големо велепредавство во режија на недоветниот Зоран Заев“, се вели во соопштението на Форумот на слободоумни патриоти.

Би можело да ве интересира

Отворено писмо на Форумот на слободоумни патриоти до македонската јавност

Ана Ололовска

ФСП: Македонскиот народ масовно да ја бојкотира оваа фарса наречена Референдум

Ана Ололовска

ФСП: Иванов да не го потпишува штетниот закон за употреба на јазиците

Ана Ололовска

ФСП до Заев: Ветивте живот, а не паради по градовите и евтин политички маркетинг

Ана Ололовска

ФСП: Груевски одигра штетна улога на сметка на македонските национални прашања

Ана Ололовска

ФСП до Груевски: Историјата ќе те памети како предавник на ВМРО-вците и на македонската кауза!

Ана Ололовска