Анкета: Мнозинството население против членството на Турција во ЕУ

Од:

Новата анкета спроведена од страна на турскиот Универзитет Босфоро кон крајот на декември минатата година покажува дека мнозинството население не се согласува со влегувањето на Турција во Европската унија.

Во истражувањето спроведено на примерок од 2023 полнолетни турски граѓани се доаѓа до податокот дека педесет и девет отсто од возрасното турско население смета дека влезот на Турција во ЕУ е лош политички потег. Бројките покажуваат значителен пад во поддршката од јавноста.

Слична анкета беше спроведена во ’03 година, но резултатите тогаш покажаа дека повеќе од седумдесет отсто од населението се согласува со влегувањето на земјата во Европската унија.

Турција ги започна преговорите за пристапување во ЕУ и процесот на правно прилагодување уште во 2005 година, но поради разни несогласувања преговорите веќе неколку години се доведени до состојба на мирување.

Во однос на правното усогласување на прописите и законите, Турција успеа да исполни само едно од триесет и пет поглавја, додека осумнаесет поглавја се замрзнати поради противењето на Кипар и Франција.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски