Трасата на гасоводот низ парк-шума Водно ќе се разгледува заедно со граѓаните

Од:

Трасата на гасоводот низ парк-шума Водно ќе се разгледува заедно со граѓаните. Вчера попладне претставници од граѓански инцијативи се сретнаа со вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, на негов повик, заедно со директорот на МЕР, Бајрам Реџепи, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и шефот на неговиот кабинет, Никола Наумоски, во просториите на Владата.

„Некој го довел во заблуда вицепремиерот дека се работи за шума од 600 метри до максимален потег од 1 км која би се исекла при изградба на гасоводот на Водно. Податоците на граѓанските иницијативи и теренското разгледување на трасата предводено од изведувачот Рапид Билд укажуваат на сосема друга, далеку подраматична состојба за степенот на уништување на шумите и биодиверзитетот кој би настанал при изградбата на гасоводот во парк-шума Водно“, информираат од Граѓанска иницијатива „Го Сакам Водно”.

Според нив, вицепремиерот Анѓушев иницирал да се оди заедно по трасата на Водно за да се направи увид на штетата која би настанала. Терминот ќе се утврдува понатаму.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег на Водно, во неколку града и во скијачките центри

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Пожари на две места на Водно и искршено стакло на продавница

Томески: Изгаснат е пожарот во планинарскиот дом на Водно

Пожар во планинарскиот дом на Водно

Горан Наумовски

Момче и девојче повредени во сообраќајка на Водно

Горан Наумовски

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно