Ердоган смени четворица министри од владиниот кабинет

Од:

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган смени четворица од министрите во својот кабинет, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на соопштение на канцеларијата на премиерот.

Функциите ги напуштаат сегашните министри за внатрешни работи, за туризам, за здравство и за образование.

Ердоган се определи Муамер Гулер, поранешниот валија на Истанбул, да биде нов министер за внатрешни работи, а Јомер Челик, заменик претседател на владеачката Партија на правда и развој, за нов министер за култура и туризам.

На чело на Министерството за национално образование застанува Наби Авѓа, а на Министерството за здравство, Мехмет Мјуезиноглу, пренесе приватната телевизија Си-Ен-Ен-Турк.

Турските медиуми во последно време нагласено се занимаваа со темата за можни промени во владата, а беа посочувани и конкретни министри, кои се очекуваше да бидат сменети.

Во политичките кулоари, исто така, одамна се зборуваше за претстојните промени во владата.

Заменик претседателот на владеачката ППР и портпарол на партијата, Хусеин Челик. меѓутоа, на вчерашната прес конференција ги демантираше гласините, изјавувајќи дека „сето тоа што се зборува за ревизија на владиниот кабинет е неосновано“.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски