Виктор Орбан со видео порака на митингот на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Унгарскиот премиер и претседател на ФИДЕС, Виктор Орбан, преку видео обраќање даде поддршка на митингот на ВМРО-ДПМНЕ.

-Драги македонски пријатели, почитуван претседател Мицкоски! Ви пренесувам поздрав од ФИДЕС-Христијанско-демократската партија. Ние сме членови во Европската Народна партија и треба да знаете дека можете секогаш да сметате на нас и таму. Ние, Унгарците, им должиме благодарност на членовите на ВМРО. Им должиме благодарност бидејќи во најтемните часови на миграциската криза, лидерите на ВМРО имаа храброст, мудрост и сила да ги заштитат Македонците, Унгарците и со тоа Европејците. Никогаш нема да го заборавиме пријателството со вас. Ние застануваме на вашата страна, го поддржуваме ВМРО и го поддржуваме вашиот претседател, порача Орбан.

Орбан изрази уверување дека Мицкоски и неговиот млад тим ќе успеат како што рече „да ги врати Македонците на патот на развојот и да им ја врати верата во иднината“.

-Пред вас е голема можност, но морате да бидете успешни во една сложена европска ситуација. Во таква сложена ситуација, секаде се потребни храбри и силни лидери. Лидери кои ја сакаат својата татковина, имаат искуство и не колабираат ни под притисок на надворешни сили. Ви честитам што успеавте да ја обновите својата партија. Јас сум убеден дека заедницата на ВМРО под раководството на претседателот Мицкоски и неговиот млад тим ќе успее да ги врати Македонците на патот на развојот и да им ја врати верата во иднината. Јас и мојата партија сме победиле и изгубиле на избори во минатото. Потоа повторно сме победиле и се вратиле. Немојте да ја заборавате старата мудра изрека: „Успехот не е конечен и неуспехот не е фатален, единствено важно е дали сме доволно храбри да продолжиме“, порача Орбан.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Изолацијата на Мицкоси во Давос покажа колку му слугува на Орбан

(ВИДЕО) Се пожестока е војната меѓу Орбан и Зеленски: Нема да не заплашиш

Орбан: Eвропската одбранбена политика е во рацете на „германска тројка“

Орбан: Прво шлемови, залихи и оружје, а сега војници – нè влечат во војна

А1он

Орбан: Либералниот светски поредок се распаѓа, дојде ерата на нациите

Орбан: Пред нас е глобална трансформација – Унгарија и Брисел немаат ист пат

А1он