Делегација од МЗШВ на Агро-економскиот форум меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа во Вилнус

Од:

Република Македонија прв пат после пет години се претстави со свој национален штанд на еден од најголемите саеми за земјоделство и прехранбена индустрија „Agrobalt“ што се одржува во Вилнус, Литванија.

Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопштија дека на штандот кој го финансирале неколку македонски компании ги претставиле своите земјоделско-прехранбени производи.

Во рамки на саемот се одржал состанок во врска со Платформата на Европската унија и Форум на високо ниво околу загубите и отпадот од храна, како и 13-тиот Агро-економски форум меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа (CЕЕC), на кој една од темите била дигитализација на земјоделскиот сектор, а на кои што учествувала делегација од МЗШВ, предводена од државниот секретар Нефрус Челику.

Во однос на дигитализацијата на земјоделството на форумот „Паметно земјоделство-иновативни решенија за безбедност на храна“, државниот секретар на МЗШВ, Челику ги претставил политиките на Владата на Република Македонија во делот на воспоставување на системи за иновации во земјоделството и унапредувањето на инфраструктурата за информациски и комуникациски технологии (ИКТ).

– ИКТ системите играат важна улога во програмирањето на политиките за имплементација во земјоделството и руралниот развој во нашата земја. Врз основа на Интегрираниот систем за администрација и контрола систем, земјоделците аплицираат за државни субвенции по електронски пат, со користење на графички и алфанумерички податоци на нивните производствени капацитети, директно од системите. Исто така, од минатата година, за земјоделците е обезбеден бесплатен интернет пристап до податоците почвената карта на Република Македонија, на која во наредниот период, со поддршка обезбедена од страна на ФАО, ќе се направи надградба со слој за агро-еколошко мапирање, порачал Челику.

На платформата посветена на справувањето со отпадот и загубите од храна, државниот секретар Челику посочил дека Македонија ќе изработи Национална стратегија за загуби од храна и намалување на отпадот од храна, а од минатиот месец, започнал процесот на изготвување на Закон за донирање на вишокот на храна, со симулација која била спроведена со учество на членови на Парламентот и Владата и претставници од приватниот и граѓанскиот сектор.

Идните активности ќе вклучат и градење на експерти во рамките на образовните и владините институции, воспоставување Национална целна група со пошироко учество на сите чинители, како и спроведување на кампања на национално ниво за намалување на загубите од храна и отпадот од храна. Очекувањето е дека во првите две години од започнувањето на имплементацијата на предвидените активности за 50 отсто ќе се намалат загубите од храна и отпадот од храна во сите сектори, информираат од Министерството.

Во рамки на состанокот на министерско ниво, била потпишана заедничка декларација во рамки на платформата за соработка во областа на земјоделството „16+1“ меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа, која што меѓу другото предвидува зацврстување на партнерските односи во делот на земјоделството помеѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа, преземање мерки за развој на руралните средини, олеснување на трговската соработка, поттикнување на заеднички инвестиции и поддршка на земјоделски компании за да се направат инвестиции во рамките на „16+1“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата