Здружението Зелена лупа денска во Измир, Турција потпиша меморандум за соработка со Здружението за култура и помош на иселените Турци од Македонија.
Со меморандумот двете здруженија се согласуваат на соработка и меѓусебно помагање во делот на остварување на човековите права. Се предвидува македонските граѓани да можат да побараат правна помош во канцелариите на Здружението за култура и помош на иселените Турци од Македонија во Измир, а граѓани на Република Турција ќе можат да бараат помош во канцелариите на Здружение Зелена лупа во Скопје.
Меморандумот го потпишаа претседателите на двете Здруженија, Ване
Цветанов и Шабан Јапарк.