Хокеарите на Вашингтон ќе играат во финалето на НХЛ лигата, бидејќи ја добија мајсторката во плејофот на Источната конференција против Тампа Беј.
Вашингтон ноќеска на гостински терен забележа победа со убедливи 4:0 и го решеи во своја корист седмиот меч од серијата прв до четири победи.
За „Станли купот“ Вашингтон Капитолс ќе се бори со Вегас Голден Најтс.
Ова ќе биде второ финале за Вашингтон и прво по 1998 година кога загуби од Детроит.