Николовски: Посветени сме на развојот на пчеларството

Од:

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, кој учествува на меѓународна министерска конференција во Словенија посветена на пчеларството, порача дека оваа гранка е многу значајна за земјоделскиот сектор и оти македонската Влада е посветена на нејзиниот развој.

Тој посочи дека Македоија се одликува со сопствен автохтон род пчели, а бројот на пчелини семејства е проценет на околу 90.000.

– Земајќи ги предвид важноста и бенефитот на пчеларството, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство е силно посветено на развој на оваа земјоделска гранка. Република Македонија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како партнери, ќе дадат силен придонес во процесите на зачувување на пчелите, бидејќи пчеларството е навистина важна стопанско-прехранбена гранка, рече Николовски.

Тој додаде дека преку програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Министерството создава институционална поддршка за пчеларството.

На конференцијата, што се одржува во Брдо кај Крањ, а на која присуствуваат министри за земјоделство од цел свет, Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) ги повика државите да сторат повеќе за да ги заштитат пчелите и другите опрашувачи. Од ФАО предупредуваат дека пчелите се под голема закана од комбинираните ефекти на климатските промени, интензивното земјоделство, пестицидите, загубата на биодиверзитетот и загадувањето.

Министрите усвоија декларација со која меѓудругото заеднички се обврзуваат да преземат мерки за поддршка и заштита на пчелите и за подигнување на јавната свест за улогата на пчелите во зголемувањето на приходите од земјоделството и зачувувањето на животната средина.

Министерот Николовски, како што соопшти ресорното Министерство, го поканил словенечкиот министер за земјоделство, шумарство и храна Дејан Жидан да присуствува на завршниот настан во Македонија за проектот за Локалните акциски групи (ЛАГ), за што изминатиот период беа испратени експерти од Словенечкото министерство за земјоделство. – Локалните акциски групи за Македонија се важни за регионалниот рурален развој како алатка која ги спојува земјоделските производители, здруженијата, локалните власти и приватниот сектор, велат од Министерството за земјоделство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата