Осумдесет домашни и странски автори ќе учествуваат на 5. „Малински Фото фестивал“ кој ќе се биде отворен во понеделник (21 мај) со изложбата Тумба во Градски музеј во Крива Паланка, а ќе се одвива и во Куманово Штип, Свети Николе и Кратово.
На фестивалот, кој го организира Фото клуб Куманово, ќе бидат изложени околу 400 фотографии во колор и црно бела техника, изработени од автори од Полска, Србија, Турција, Азербејџан, Македонија и од други држави.
– Фестивалот започнува на 21 мај во Градски музеј во Крива Паланка, со изложбата Тумба, каде што автори се членовите и курсистите на Фото Клуб Куманово. Со исто темпо, продолжуваме и наредниот ден во галеријата Безистен во Штип, започнувајќи во 19:30 часот со самостојна изложба на Коста Дупчинов од Битола, а на 23-ти мај (среда) во Свети Николе, каде ќе имаме чест да уживаме во самостојната изложба на Владимир Миличевиќ од Србија, велат организаторите.
Во Куманово 25. мај е предвидено предавање за Куманово „За македонцката фотографија“ кој ќе влезе во историјата на македонската фотографија. За проектот ќе говорат Владимир Јовановски и Стефан Илиевски, членови на ФК Куманово. По излагањето на проектот следуваат фото проекции на Рашад Мехдиев, Мустафа Шахин, Александар Георгиев, Иван Стојановиќ, Алперен Анхарман и Ранко Ѓуковиќ.
Програмата за следниот ден, на 26 мај започнува во 12 часот во Куманово со меѓуклупската изложба Круг, која е од натпреварувачки карактер, а оваа година беше помеѓу ФК Куманово и Фото клубот „Формат“ од Чачак. Исто така, првпат, оваа година предвидено е да се проследат фотографии од фото секцијата на учениците од ОУ „Кочо Рацин“, чиј ментор е Марина Крстиќ, претседател на ФК Куманово. Самостојни изложби ќе реализираат е Бурак Шембак од Турција и Александар Драгишевски, член на ФК Куманово.
Последниот ден од програмата е предвиден за Кратово, каде што традиционално ќе се одржи фото сафари и самостојна изложба на Ивона Кочов член на фото кино клуб Битола и клупската изложба на универтитетскиот фото кино клуб од Бања Лука, со што и ќе биде затворен Малински Фото Фестивал.