Индиски Инфосис воведе блокчејн врска меѓу седум банки

Од:

Индиската компанија Инфосис соопшти дека вовела блокчејн тргување меѓу седум приватни банки, со што, според компанијата, ќе се подобри сигурноста во банкарскиот сектор на Индија.

Револуционерната блокчејн технологија ветува побрзи и посигурни транскации во низа области. Инфосис, втората најголема информатичка компанија во Индија, најавува дека ќе развива свои блокчејн решенија за приватниот сектор, а ќе ги нуди своите услуги и во странство. Според блокчејн правилата, секоја стапка во транскацијата безбедно се споделува меѓу сите членови на мрежата, со што се намалува опасноста од грешки и пропусти.

Најавата од Индија доаѓа само неколку дена откако британската ХСБЦ соопшти дека ја извршила првата трговска трансакција користејќи блокчејн врска.

Би можело да ве интересира

Најмалку 100 лица загинаа во невреме во Индија

Горан Наумовски

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Земјотрес го погоди пограничниот регион на Мјанмар и Индија

Горан Наумовски

Се урна зграда во Индија, двајца загинати, 12 спасени

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени