ЧСМ Букурешт го освои третото место во ЛШ

Од:

Ракометарките на ЧСМ Букурешт го освоија бронзениот медал на завршниот турнир во Лигата на шампионите (ЛШ). Романскиот тим во натпреварот за третото место го совлада Ростов Дон со 31:30.

По неколкуте грешки во реализацијата во почетокот на натпреварот, ЧСМ Букурешт ја оправда фаворитската улога и успеа да го консолидира нападот. Тоа се одрази и резултатски, при што по 15 минути игра романските ракометарки имаа предност од 10:5.

Во текот на целото полувреме ЧСМ Букурешт ја наметна својата игра на теренот, одржувајќи солидно водство кое во еден период беше и осум поени разлика, а на паузата замина со предност од 19:14.

Ракометарките на Ростов Дон направија повеќе грешки во нападот, но и немаa решение за голманката на ЧСМ Букурешт Јелена Грубишиќ, која оствари повеќе интервенции.

Во вториот период Ростов Дон се врати во игра и успеа да ја намалува разликата. Руските ракометарки во 48. минута стигнаа и до израмнување од 25:25.

Одличната одбрана на гоманката Галина Мекхдиева, Ростов Дон не успеа да ја ефектуира и да направи целосен пресврт во натпреварот.

Во последните десет минути ЧСМ Букурешт повторно воспостави минимално водство, кое го одржа до крајот на натпреварот што заврши со победа за романските ракометарки од 31:30.

Финалето на годинашниот Ф4 турнир во ЛШ меѓу Вардар и Ѓер почнува во 18 часот.

Би можело да ве интересира

Вујовиќ: Ова ќе биде натпревар кој и тие и ние мораме да го добиеме

Ана Ололовска

Вујовиќ: Повторно бевме блиску, а останавме без поени

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар не е оној од шампионските денови, но мораме да ја прекинеме серијата порази

Ана Ололовска

Вујовиќ: Грешките во вториот дел нè чинеа пораз

Ана Ололовска

Вардар против Кил во обид да ја прекине мини-серијата порази во ЛШ

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар е фаворит против Монпелје

Ана Ололовска