Пожар избувна во историска зграда во Истанбул каде сега е сместен престижниот универзитет Галатасарај. Нема жртви во пожарот, јавуваат турски медиуми.
За време на пожарот во зградата немало студенти, а персоналот бил евакуиран. Зградата била една од зданијата изградени како дел од дворец од Османлискиот период и користена од фамилијата на султанот.
Сега е дел од универзитетот Галатасарај и во неа се канцеларии на песоналот и членови на факултетот како и книги и документи.
Според претставник од Универзитетот се запалил највисокиот – трети спрат од зградата и брзо се проширил. Најверојатна причина е неисправност на електрична инсталација, јавуваат турски медиуми.