Јанушев: Бизнисот за изградба на струмичката касарна алудира на злоупотреби и матни зделки

Од:

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев денеска на прес-конференција изјави дека бизнисот кој го направиле Заеви во Струмица за изградба на струмичката касарна, алудира на злоупотреби и матни зделки.

– Сомнежот е дека Сашко Брндевски, бизнис пајташот на Заеви во „Сара Инжинеринг“ бил само параванот во целата постапка, односно лицето кое искеширало 700 илјади евра за плац кој го купува на јавна набавка организирана од градоначалникот Зоран, за потоа поголем дел од неа багателно да ја препродаде на фирмите на Вице и Трајче Заев, за еден еднособен стан. Да се работело за вистински пазарни математики тогаш сигурно ситуацијата би била поинаква. Зградата која се гради на местото кое Брндевски за џабе го отстапил е со вкупна нето изградена станбена површина од околу 7.000м2, која ја градат фирмите на кланот Заеви и доколку ја продавал по принципите кои важат во градежништвото тогаш Брндевски како сопственик на земјиштето би добил околу 25% од вкупната површина, односно околу 1.700м2 станбена површина. Неверојатно е како Брндевски туку–така се откажал од над 1.650м2, кои ако се продадат по пазарна цена од 650 евра за м2 би му донеле заработка околу 1.100.000 евра, рече Јанушев.

Тој речедека Брендевски се откажал од заработка од околу 1.100.000 евра и ја отстапил само за еден еднособен стан кој пазарно вреди околу 25 илјади евра.

– Заеви односно компанијата на Вице и Трајче Заев кој во тоа време е управител имаат потенцијален приход од 4.5 милиони евра. Уште еднаш потенцирам Сашко Брндевски под пазарни услови требало да добие 1.100.000 евра, а всушност добил само еден еднособен стан, додека за целиот бизнис на Вице Заев кој започнува со продажбата на земјиштето токму од Зоран Заев ќе изнесува над 4.5 милиони евра. Значи повторувам приходи од над 4.5 милиони евра. Со вакви матни зделки Заеви добивале земјиште во Струмица во време кога Зоран Заев беше градоначалник. Многу е провидно, потценувачко и апсурдно во една ваква ситуација единствено нешто што Зоран Заев изјавува пред целата македонска јавност е да се жали дека само 60% од бизнисот е реализиран, рече Јанушев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Седум години СДС и Филипче беа фабрика за скандали и афери, СДС е во целосен хаос и без компас

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Предраг Петровиќ

Кузеска: 100 дена Влада а 300 скандали, најмногу во МВР

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче беше фатен и со матен тендер за стерилизацијата која е клучна во медицината

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ