Јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на монодрама „Битола 2018“

Од:

Националната установа Центар за култура-Битола е подготвена за 20. јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на монодрама „Битола 2018“ што ќе се одржи од 11 до 15 мај во овој град.

Годинава ќе се натпреваруваат актери од Босна и Херцеговина, Азербејџан, САД, Полска, Русија, Бугарија, Хрватска и од Македонија, соопшти Зоран Димовски, директор на НУ Центар за култура-Битола, домаќин и организатор на фестивалот.

– Од денот на својот почеток и денес, фестивалот ги надминува своите граници и достигнува светски рамки, а потврда за тоа е членувањето на Фестивалот на фестивалскиот форум на монодрамски програми при УНЕСКО кое датира од 2003 година. Фестивалот има натпреварувачки карактер и годинава жирито ќе го предводи доајенот на македонскиот театар и филм Коле Ангеловски, а заедно со него за најдобрите монодрами ќе одлучуваат Нина Мазур од Германија и актерката Весна Петрушевска, посочи Димовски.

Фестивалската програма ќе почне со настап на актерите од театарот „Војдан Чернодрински“-Прилеп кои ќе го изведат најновиот текст на Горан Стефановски „Фигуре венерис хисторе“ во режија на Наташа Поплавска, а во натпреарувачкиот дел ќе настапат актерите Среќко Марчета од Босна и Херцеговина, Шовги Гусеинов од Азербејџан, Тјаша Ферме од САД, Матеуш Новак од Полска, Александер Аладишев од Русија, Михаил Милчев од Бугарија, Тарик Филиповиќ од Хрватска и Симона Спировска од Македонија.

– Интересот за учество на фестивалот беше голем и затоа одлучивме од различни држави да има само еден претставник натпреварувач. Основен услов за учество на фестивалот беше квалитетот и во Битола годинава ќе бидат изведени најдобрите монодрамски остварувања. Најголем дел од учесниците минаа низ селективниот процес, а дел ги поканивме да учествуваат на јубилејното издание, истакна актерот Петар Мирчевски, селектор на фестивалот.

Пред почетокот на свеченото отворање закажано за петок на 11 мај, во фоајето на Битолскиот театар ќе биде отворена изложба на фотографии „Низ фотографскиот светоглед“ од фоторепортерот Петар Ставрев, беше посочено на денешната прес-конференција во Битола.

Би можело да ве интересира

Џек Димиќ со монодрамата „Ој, животе“ на 5 мај гостува во Драмски театар

Ана Ололовска

Во Струмица вечерва премиера на монодрамата „Викторија“

Ана Ололовска

Во Битола завршува Фестивалот на монодрама

Ана Ололовска

„Последната лента на Крап“ на 26 јуни ќе учествува на 22. Интернационален фестивал на монодрама во Битола

Ана Ололовска

Монодрамата „Чај со рум“ в недела на сцена на отворено во Лешочкиот манастирски комплекс

Ана Ололовска

Монодрамата „Прво лице еднина“ утревечер ќе биде изведена во кумановскиот театар

Ана Ололовска