Богата културна програма за Спасовден во Гевгелија

Од:

Општина Гевгелија денеска ја објави богатата разновидна културна програма со која годинава ќе го одбележи празникот „Свети Спас“ кој се смета за заштитник на градот.

Од општината најавија дека патронот ќе се слави четири дена и оти реализацијата на програмата ќе почне уште во понеделник на 14 мај со „Гала оперски концерт“ на кој ќе настапат првенците на Македонската опера и балет Ана Ројдева Талевска, Александра Лазаревска – Василев, Злата Тосевска, Дејан Стоев и Невен Силјановски кои со пијано придружба на Елена Силјаноска ќе изведат познати оперски арии.

Наредниот ден, на 15 мај во Народниот театар во Гевгелија ќе гостува театарот „Комедија“ со претставата „Прво ќе ме земеш…,“ во режија на Горги Ризески, а во изведба на Роберт Ристов, Мирјана Поповска-Ристов и Дарко Вељиќ.

Во пресрет на „Спасовден“ на 16 мај ќе биде промовиран новиот роман „Еретички писма“ на авторот Стефан Марковски и ќе се одржи традиционалната фолклорна манифестација „Распеана чаршија-Трба, Трби“ со настап на ансамбли од Гевгелија, Струмица, Валандово и Радовиш како и КУД „Неретва“ од збратимената општина Јабланица од Босна и Херцеговина.

На „Спасовден“ во црквата Свети Спас ќе се одржи свечена богослужба, а програмата за одбележување на градскиот патрон ќе заврши со гостувањето на ансамблот „Танец“ кој пред гевгеличани ќе се претстави со „Велигденскиот концерт“.

Би можело да ве интересира

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија